Флеш Вести11/05/2017 21:41

„Скопје 2014“ од буџетот зеде уште 100 илјади евра

Нови договори од над 94 илјади евра се склучени за обезбедување на Музејот на ВМРО, Портата Македонија, како и за чистење на портата од оштетувања на фасадата, покажуваат договорите објавени на Бирото за јавни набавки.

За обезбедување на Музејот на ВМРО ќе се потрошат 30 илјади евра, а имотот ќе го обезбедува фирмата „Екот – гард“, исто како и Портата Македонија. За чистење на фасадата од оштетувањата ќе се потрошат 30 илјади евра.

Годинава, поскапо ќе биде обезбедувањето на Порта Македонија – ако минатата година обезбедувањето на „Екот – гард“ чинело нешто над 17 илјади евра, годинава договорот со истата компанија е склучен на над 22 илјади евра.

Она што е симптоматично е што договорите за обезбедувањето на Триумфалната порта за лани и за годинава, беа објавени во ист ден на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.