Државната изборна комисија (ДИК) со мнозинство (шест гласа „за“ и три „против“) го усвои приговот на партијата БЕСА за гласањето на едно гласачко место во Гостивар во шестата изборна единица.
Станува збор за приговорот за фалсификат на потписот на Фатиме Сулејмани, за кое е извршена графолошка експертиза и е утврдено дека не е автентичен. По одлуката на ДИК за поништување на гласањето ќе биде направена проекција да се утврди дали прегласувањето би можело да доведе до измени во бројката на освоени мандати.
Доколку е така, ДИК ќе донесе одлука за повторување на гласањето на 25 декември. На оваа одлука на ДИК партиите имаат право на жалба до Управниот суд кој треба да се изјазни во рок од 24 часа.
Од решението на Управниот суд ќе зависи дали ќе има повторување на гласањето.