Флеш Вести17/12/2016 13:42

ДИК расправа за скинато гласачко ливче

Седницата на Државната изборна комисија (ДИК) продолжи со расправа по приговорот на СДСМ за скинато гласачко ливче на избирачко место 2011.

„Ливчињата не биле преброени, иако член на ИО тоа го побарал. Не бил направен записник и него го нема во изборниот материјал“, соопшти претставник на СДСМ во ДИК.

Досега, ДИК прифати само еден приговор од движењето БЕСА и поништи гласање на едно избирачко место во Гостивар. Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место. Гласањето ќе се повтори ако Управниот суд го потврди решението на ДИК доколку некоја од партиите и коалициите учесници на изборите во шестата изборна единица  го оспори решението на Комисијата до судот. Според пресметките, прегласувањето на ова избирачко место би можело да има влијание на изборниот резултат.