Флеш Вести27/04/2017 22:15

Галерија од инцидентите во Собранието

Полицијата со шок бомби ги растерува демонстрантите од движењето „За заедничка Македонија“ кои влегоа во Собранието, а од страна на демонстрантите нападнати биле новинарски екипи, јавува репортерот на БИРН од теренот. Со пцовки и фрлање на камења нападната била екипата на ТВ Телма, а со вербални закани се соочиле повеќе новинари од опозициските медиуми.

Јавноста е во исчекување на прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов. 

Во прилог се фотографиите од Роберт Атанасовски од вечерашните инциденти во Собранието.