Вести

(ГАЛЕРИЈА) Врвот на ВМРО-ДПМНЕ на отворањето на Филхармонија

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Целото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е дел од отворањето на новиот објект на Македонската Филхармонија, каде што не е поканет ниту еден претставник од СДСМ. Во главните редови седат седат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, техничкиот премиер Емил Димитријев и претседателот Ѓорге Иванов, со сопругите. 

„Ве молам да ме оставите да одиме на претставата“, рече Груевски, кој, според известувањата на медиумите, доцнел половина час на церемонијата, која не почнувала додека тој не пристигнал.

Министерката во заминување, Елизабета Канчевска-Милеска пред официјалното отворање рекла дека ниту еден политичар не добил покана за присуство, туку, сите си купиле карта за настанот. 

„Секој што сакал да купи билет, можел да купи. Билетите не се земани и давани така. Сите билети се пуштени во продажба од страна на Македонската Филхармонија“, рече министерката во заминување за 24 вести. 

Од фотографиите на Роберт Атанасовски доловуваме дел од атмосферата од отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија, кој, според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, чини речиси 40 милиони евра.