Според дипломатски извори, утре се затвора извештајот за Македонија, кој најверојатно ќе биде презентиран во вторник или во четврток наредната недела. Оттаму, расте и притисокот на меѓународната заедница за побрзо постигнување договор меѓу политичките партии.
Од 2 јуни годинава, кога беше потпишан договорот од Пржино од страна на лидерите на четирите политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи запазени беа роковите само во однос на три точки.
Изборот на специјалниот јавен обвинител, враќањето на СДСМ во Собранието на 1 септември 2015 година и необјавувањето на „политичките бомби“ од страна на опозицијата е она што беше единствено исполнето од Договорот од 2 јуни и протоколот од 12 јули 2015 година.
Дури и во овој дел, не беа докрај исполнети роковите и предвидените точки, со оглед на тоа што Советот на јавни обвинители го скрати тимот со кој треба да работи специјалната обвинителка Јанева, од 14 на 7 лица. Ваквата одлука практично предизвика стопирање на постапката, избраните обвинители не дадоа заклетва, со што практично специјалниот обвинител освен што е именуван, не е во функција.
Во интерактивниот тајмлајн, БИРН ги пренесува сите останати точки од Договорот од Пржино за кои веќе истекоа роковите за исполнување.
Што ќе се случува понатаму, останува неизвесно. Претставниците на меѓународната заедница инсистираат дека договорот мора да се спроведе, а извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија особено препораката се сосема неизвесни токму поради тоа што овој договор веќе „дише на апарати“.
Според дипломатски извори, утре се затвора извештајот за Македонија, кој најверојатно ќе биде презентиран во вторник или во четврток наредната недела. Оттаму, расте и притисокот на меѓународната заедница за побрзо постигнување договор меѓу политичките партии.