Во градинките топол оброк, во средните училишта брза храна. Со каква храна растат децата во Македонија? Листа на здрави и листа на нездрави оброци. Кој ги добива тендерите за снабдување со храна во студентските и училишните мензи? Зошто не се инвестира во здрава храна за учениците и студентите? Овие прашања ги поставивме на раководствата на училиштата и градинките и општините надлежни за истите. Со помош на невладините организации добивме податоци за јавните набавки на продуктите за училиштата и градинките. Пронајдовме несоодветна храна и трошоци набавени за истите.