Флеш Вести30/09/2018 11:40

МОСТ: Излезноста до 10 часот е 5,2 отсто

Граѓанската асоцијација МОСТ, која ги следи изборите со 1.500 набљудувачи, соопшти дека до 10 часот одѕивот бил 5,2 отсто, со статистичка грешка од 0,2 отсто. Овие податоци ги добиле од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод.
 
Набљудувачите на МОСТ информираат и за еден инцидент кој се случил на гласачкото место 2117 во Јегуновце. На влезот од објектот каде што се гласало имало напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полицијата, која направила записник.