Флеш Вести13/10/2017 17:02

МВР: Ивица Коневски нема веќе „флешери“ на автомобилот

БИРН побара објаснување од министерството зошто градоначалникот на возилото има флешери, по видеото што го објави Саше Ивановски во четвртокот

Министерството за внатрешни работи информира дека возилото на градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски е контролирано, при што е утврдено дека т.н. флешери веќе не се поставени на него, односно сопственикот самиот ги отстранил.

„Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба, вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата на Република Македонија како и на возилата со право на првенство на минување.

Овие уреди може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела“, велат од МВР.