Уште едно во низата здруженија со патриотски предзнак се официјализираше денеска во Скопје.
На сајтот на Централниот регистар се појави информација дека е формирано Македонското патриотско здружение, кое го носи името на професорот, револуционерот и еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација, Христо Матов.
Во последните два месеца се појавија здруженијата МПО „Лавови“ од Битола, Македонско-патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид, струшкото „Непокор“, прилепското „Национален фронт“, фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“ и МПО „Андон Лазов Јанев Ќосето“ од Велес.
Основачи на здружението „Христо Матов“ се 15 лица од Скопје, Струмица и од Македонски брод.
Ова се целите на здружението: