Регион

Обвинетите за воени злосторства не се повредени во пожарот во Хашкиот притвор

Притворениците на Хашкиот трибунал не се повредени во пожарот што избувна во психијатрискиот оддел на притворот на судот со висок степен на безбедност во Шевенинген, во Холандија, во кој почина еден затвореник.

Единицата за притвор во Шевенинген, Хаг. Фото: БИРН

Министерството за правда на Холандија, за БИРН во четвртокот соопшти дека ниту еден обвинет од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), кој се наоѓа во притворската единица во Шевенинген, не е повреден во пожарот што избувнал во текот на ноќта.

„Да, имаше пожар во Шевенинген во текот на ноќта, но не е поврзан со затворениците од МКТЈ“, велат од министерството.

„Пожарот се случи во друг дел на затворот, во различен дел, во психијатрискиот оддел, каде што се затворениците со психички проблеми“, додадоа од министерството.

Во пожарот починал еден затвореник, холандски државјанин.

Другите затвореници биле евакуирани.

Меѓу оние кои се во притворската единица се поранешниот политички водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, и неговиот поранешен воен командант, Ратко Младиќ, како и поранешните шефови на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ.

Единицата во која се обвинетите за воени злосторства „на никаков начин не е погодена“ од пожарот, ни рекоа од МКТЈ.

Причината за пожарот не е утврден, а полицијата спроведува истрага, додаваат од МКТЈ.