Регион

Одбиено барањето на Караџиќ

 

Радован Караџиќ. Фото: МКТЈ

MМКТ го отфрли барањето на Радован Караџиќ, за назначување на жалбен совет, кој ќе одлучува за неговото барање за преиспитување на одлуката, со која беше одбиена неговата жалба на правосилната пресуда.

MМКТ, во март оваа година, го осуди Караџиќ на казна доживотен затвор.

Тој беше прогласен за виновен за геноцид извршен врз Бошњаците од Сребреница во 1995 година, за тероризирање на граѓаните на Сараево со гранатирање и снајперски оган, за прогон и истребување на Бошњаците и Хрватите во 20 општини ширум БиХ и за земање на припадници на УНПРОФОР како заложници.

Со последната пресуда, тој беше ослободен од обвинението за геноцид во другите општини, во 1992 година.

Исто така, беше отфрлен и предлогот на Караџиќ, неговото барање да му се достави на судијата Жан-Клод Антоанети, а не на претседателот на ММКТ, судијата Кармел Агиус, или на најискусниот судија,Теодор Мерон.

Претходно, Караџиќ во своето барање, наведе дека судијата Антонети треба да одлучува за ова, бидејќи верува оти Агиус и Мерон се пристрасни, со оглед дека претходно, во други предмети, осудувале негови подредени, за слични кривични дела.

Веднаш по денешната одлука, адвокатот на Караџиќ, Питер Робинсон, поднесе уште една жалба против оваа одлука, со барање Агиус и Мерон да бидат исклучени од процесот на донесување одлука по неа.