Регион

Почина Хајра Ќатиќ, претседателка на здружението „Жени на Сребреница“

Хајра Ќатиќ. Фото: БИРН.

Во Сараево денеска почина Хајра Ќатиќ од здружението „Жени на Сребреница“, потврди за БИРН потпретседателката на здружението, Нура Беговиќ.

Чатиќ била сместена во болница во Сараево, поради проблеми со срцето.

Таа почина без да ги пронајде останките на својот син, кој исчезна за време на масовните убиства на Бошњаците во 1995 година извршени од страна на силите на босанските Срби, предводени од Ратко Младиќ.

Беговиќ наведува дека тоа била нејзината последна желба.

„Никогаш не ги најде и сѐ што имаше, беше тоа“, вели Беговиќ.

Пред нејзината смрт, нејзиниот син, Нихад Нино Ќатиќ, известуваше од опколена Сребреница за Радио БиХ.

Во неговиот последен извештај од 10 јули 1995 година, кога силите на босанските Срби почнаа да ја окупираат енклавата, тој истакна дека „Сребреница се претвора во најголема кланица“.

Неговата мајка, Хајра Ќатиќ, подоцна ќе каже: „Кога легнувам и кога станувам, легнувам со реченицата: ‘Сребреница се претвора во најголема кланица’. Мислам, тоа никогаш не ми излегува од глава, не можам да заборавам“.