Излезноста на вториот круг од претседателските избори до часот е 18 часот и 30 минути е над 44 насто со што цензусот е постигнат, беше соопштено на последната прес конференција на Државната изборна комисија. На гласање до тој период излегле 795 илјади 577 гласачи.
Со тоа е одмината опасноста изборите да бидат прогласени за неуспешни.
„Изборниот ден помина добро и мирно“ изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Двајцата претседателски кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски изразија очекување за победа. Тие резултатите од гласањето ќе ги чекаат во партиските штабови. Силјановска Давкова во Белата палата на ВМРО ДПМНЕ, Пендаровски во штабот на СДСМ.