Регион

Потврдена казна затвор за злосторства против човештвото извршени во Мостар

Ламија Гребо, Сараево

Саша Савиновиќ (десно) пред Судот на БиХ. Фото: БИРН

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, во четврток му ја потврди првостепената пресуда на Саша Савиновиќ, со која тој беше осуден на осум години затвор за злосторства против човештвото, кои ги извршил како поранешен член на антитерористичката група „Бенко Пенавиќ“ на ХВО,

Савиновиќ беше прогласен за виновен за учество во прогон на Бошњаци од Мостар, од мај до крајот на 1993 година, како и за учество во убиства и присилна преселба.

Савиновиќ и тројца други припадници на ХВО, како што е наведено во пресудата, на 15 јули 1993 година, упаднале во стан во кој се наоѓале три жени и едно бебе и ги извадил надвор.

Една жена, според пресудата, успеала да се спаси, а телата на другите, вклучувајќи го и бебето, биле пронајдени околу половина час подоцна.

Савиновиќ, според пресудата, влегол во уште еден стан, во кој живееле две жени и нивната мајка.

Насилно ги извел од станот и ги однел на линијата што ги делела ХВО и Армијата на Босна и Херцеговина (АБиХ) во Мостар.

Пукајќи околу и над нив, заедно со други војници на ХВО, ги натерал да избегаат кон источната страна на градот под контрола на АБиХ, се вели во пресудата.

Оваа пресуда е конечна и на неа не може да се вложи жалба.