Шарената револуција покажа дека власта треба да се плаши од критичката мисла на народот, а не обратно. А тоа е нешто што Македонија ја носи многу чекори напред во развојот на демократијата.
Заврши она познатото „Секој ден во 18 часот, пред СЈО“. Откако претседателот Ѓорге Иванов ги повлече сите одлуки за помилување, Шарената револуција испорача две барања до власта, со ултиматум до 18 јуни: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство на кое му се заканува укинување, да запрат апсењата и пријавите за учесниците на протестите, како и да се пуштат од притвор досега уапсените демонстранти.
Со ова, на еден начин се стави крај на Шарената револуција, во форма каква што беше последниве 9 недели, но со најава на нови манифестации на отпор, доколку не бидат испочитувани барањата и поставените рокови.
Покажувањето незадоволство на ваков начин, преку фрлање боја врз објекти и споменици кои го обележуваат владеењето на Никола Груевски, се случи за првпат во Македонија. Но, не беше само бојата она што ја обележа Шарената револуција. Таа соедини лица од невладини организации, од опозицијата, студенти, бизнисмени, архитекти, новинари, професори, невработени, доктори, социјални случаи под едно единствено мото – незадоволство од досегашниот систем и од поставеноста на работите во општеството.
Секое лице на протестите на свои плеќи носеше и своја приказна, свое незадоволство од еднодецениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Она што почна како незадоволство од помилувањата на претседателот Иванов, заврши со илјадници приказни на луѓе кои досега немале храброст своите маки да ги кажат јавно.
Овојпат, луѓето не се криеја. Не се плашеа дали ќе бидат снимени, не се плашеа да дадат изјави пред камерите, не се плашеа да даваат поддршка на социјалните мрежи, гордо носеа маици на кои пишува „секташ“ или „хулиган“, пркосејќи им на етикетите што им ги ставаа оние на кои им пречи критичката мисла. Едноставно, Шарената револуција го стави еднодеценискиот страв под тепих.

Powered by Cincopa Podcast Hosting for Business solution.Sharena revolucijaФото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 502Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 520Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 522Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 510Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 516Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 531Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 534Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 520Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 529Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 534Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 532Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 492Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 522Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 531Фото: Роберт Атанасовскиoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 800height 503Фото: Роберт Атанасовскиcameramake NIKON CORPORATIONheight 798orientation 1camerasoftware Adobe Photoshop CS6 originaldate 5/25/2016 11:34:58 PMwidth 1200cameramodel NIKON D3SФото: Роберт Атанасовскиcameramake NIKON CORPORATIONheight 798orientation 1camerasoftware Adobe Photoshop CS6 originaldate 5/26/2016 11:36:23 PMwidth 1200cameramodel NIKON D3S
Нападите од страна на провладините медиуми, кои се обидуваа да ги демонизираат протестите давајќи им предзнак партиски и платенички, не ги принудија демонстрантите да се откажат. Притисоците од страна на власта, како повикување на информативни разговори, кривични пријави, прекршочни пријави и изрекување мерки домашен притвор, го зголемија инаетот кај останатите и ги засилија протестите, нешто што во македонската историја по осамостојувањето и не бевме навикнати да го гледаме. Навикнати бевме да гледаме повлекување под притисок.
Токму затоа, Шарената револуција остава голем белег во македонската историја, не само поради креативните начини за да се покаже незадоволство туку затоа што ја покажа моќта на граѓаните, кои упатија јасна порака и до оние што се на власт, и до оние кои допрва ќе седнат на функционерски фотелји, дека сепак, во земјава постои критичка мисла и дека граѓаните не смеат да бидат потценети. Дека нивната улога во општеството не завршува со заокружувањето на гласачкото ливче на две, три или четири години. Нивната улога е како работна задача, да ги следат промените во општеството и да реагираат на неправдите, на криминалот, на потценувањето на нивната интелигенција, на недомаќинското трошење на нивните пари.
Шарената револуција покажа дека власта треба да се плаши од критичката мисла на народот, а не обратно. А тоа е нешто што Македонија ја носи многу чекори напред во развојот на демократијата.