Би сакале да ги слушнеме родителите и наставниците кои се подготвени да го споделат своето искуство со нас за да ни помогнат во претстојноо истражување за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. Подолу ќе најдете повеќе информации за тоа како да учествувате.
Клучните работи што сакаме да ги знаеме:
- Какви чекори преземаат родителите за да ги заштитат своите деца и младите тинејџери на платформата?
- Дали имало случаи во кои децата и младите тинејџери биле цел на малтретирање, кражба на идентитет, проблеми со приватноста итн.?
- Дали/како потенцијалната опасност во дигиталната средина влијае на физичката безбедност на нивните деца?
- Што знаат наставниците за мрежата и како ги воспитуваат децата за тоа?
Нема да објавуваме документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку ќе покажеме поопшти, системски проблеми. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.
Вашите сведоштва ќе се користат за да ни помогнат во тековната истрага.
Како да учествувате?
За да го споделите вашето искуство, се што треба да направите е да го пополните овој формулар.