Вести

Споделете го вашето искуство: неочекувано високи сметки од мобилните оператори

Почитувани читатели,

Би сакале да слушнеме искуства на корисниците на услугите на мобилните оператори што добиле повисоки месечни сметки, иако не го надградиле пакетот на услуги и свесно не побарале дополнителни услуги.

Корисници на мобилните оператори се жалат дека добиле повисока сметка и потоа, откако се пожалиле кај операторот им било кажано дека се претплатиле на посебен сервис што им праќал СМС-пораки што се наплаќаат, а тие не биле свесни дека се претплатени.

Целта на оваа анкета е:

  • да добиеме информации за обемот на овој проблем
  • да откриеме како се случува корисниците несвесно да се претплатат
  • да откриеме што презеле операторите и регулаторот, Агенцијата за електронски комуникации за да се надмине овој проблем

Како да учествувате?

За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.