Апелацискиот суд во Скопје ја почна расправата по жалбите за случајот „Ликвидација“. Еден од осудените за овој случај е новинарот Томислав Кежаровски. Тој е прв новинар во земјава осуден на 4,5 години бидејќи наводно открил идентитет на заштитен сведок во 2008 година.
Кежаровски е новинарот кој по сообраќајната несреќа и смртта на основачот на неделникот „Фокус“ Никола Младенов, ги откри фискалните сметки од патарините на местото на несреќата, со што отвори сериозен сомнеж за начинот на кој се водела истрагата.
Апелацискиот суд може да ја укине затворска казна за Кежаровски и да го врати предметот на повторно одлучување, може да ја потврди првостепената пресудата, или пак да донесе нова пресуда.