Судот вчера забранил да се отуѓуваат вкупно 69 објекти во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, во кои спаѓа и главното партиско седиште, потврдија за БИРН од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Како што објаснуваат од СЈО, овој имот главно е купуван во периодот од 2013 до 2015 година и се наоѓа низ целата територија на Македонија.
Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е дел од истрагата на СЈО наречена „Талир“.