Вести

Светска банка молчи за спорниот тендер во Србија

Светска банка одбива да го објави извештајот кој овозможи контроверзниот тендер да помине.

Светската банка ја попречува Балканската истражувачка мрежа во обидите да го обезбеди извештајот на Светска банка, изготвен како дел од тендерскиот процес кој го спроведе ЕПС, државната електродистрибуција во Србија.

Проектот за испумпување на вода од поплавите од рудникот „Тамнава“ беше финансиран од страна на организација со седиште во Вашингтон, но доделен на конзорциум од две компаниии кои немаа никакво релевантно искуство и на кои на еден од директорите во моментов му се суди за затајување даноци.

Наоди од истражувањето на БИРН

Тендерот стана центар на медиумска бура откако БИРН разоткри прашања во врска со
српската компанија, Енергетика Јужна Бачка, и нејзиниот партнер, романската компанија
Нес (Ness), кои го добија договорот од 15 милиони евра за да испумпаат 114 милиони
кубни метри вода од рудникот за јаглен.

Истрагата на БИРН открија дека иако еден од условите на тендерот бил понудувачите да
имаат најмалку една релевантна референца, ниту еден член на победничкиот конзорциум
немал таквo претходно искуство.

Претходниот ангажман на Енергетика Јужна Бачка бил електричната инфраструктура
во Србија, додека Нес е градежна компанија. Директорот на српската компанија, Драгољуб
Збилјиќ, потврди за БИРН дека неговата компанија немала никакво искуство во
испумпување на вода.

Истрагата исто така откри дека на Збиљиќ му се суди за даночно затајување во Крагујевац,
Србија. Тој е под истрага за истото обвинение
во Нови Сад.

Истрагата исто откри дека на конзорциумот не само што му фалело искуство во
испумпување вода, туку тие всушност не ја извршиле самите работата за која биле
ангажирани. Наместо тоа, тие ја ангажирале холандската компанија Ван Хек да ја изврши
работата.

Холандската компанија, со уникатно искуство во оваа област, ги понудилa своите
услуги на српските власти уште кога поплавите ја зафатија земјата во мај, но не
биле ангажирани преку директни преговори, кои се законски дозволени во вонредни услови.

Истражувањето откри дека српската ЕПС, која го објави на тендерот, можела да
започне со испумпувањето на водата порано доколку избрала изведувач преку директни
преговори, што е дозволено од страна на српските закони во вонредни ситуации.

БИРН објави дека доцнењето од неколку месеци, додека да биде спроведен тендерот
и додека да се започне со работат ја чинело Србија најмалку 120 милиони евра
за увоз на електрична енергија и јаглен.

Мрежата контактираше неколку српски институции околу прашања за тендерот и
изборот на наддавачите кои беа ангажирани, но тие одбиja да одговорат.

На 23. и 25. декември, кога БИРН ја контактираше канцеларијата на Светска
банка во Белград за да добие повеќе информации за компаниите кои го добија
тендерот, портпарол упати новинарите кон ЕПС како извор на информации.

 

Загриженостa околу тендерскиот процес прв пат бeше покрената во истрaжувањето на БИРН објавенo на 8. јануари, коe беше пресретнатo со лавина од напади од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ и одредени медиуми.

На 9. јануари, Вучиќ ги етикетираше новинарите на БИРН како „лажговци“, без притоа да одговори на било какви конкретни прашања во врска со сторијата, за која се повеќе про-владини медиуми пишуваат, нарекувајќи ги БИРН „рекетари“, „лобисти“, „странскa агенција“, „шпиони” и „новинарска мафија”.

Светската банка само повеќе ја влоши ситуацијата кога Весна Костиќ, портпаролката на Светска банка за Србија, се вклучи во дебатата, омаложувајќи го истражувањето на БИРН од 12. јануари.

Но, во неочекуван пресврт, таа за БИРН на 15. јануари изјави дека не би можела „ниту потврди ниту негира” дали тие нејзини изјави биле во лично својство или како портпарол на Светската банка.

Таа, претходно за државната новинска агенција Танјуг, изјави на 12. дека експертите на Светска банка спровеле анализа на тендерот која била „многу посеопфатна отколку било кој претходен проект финансиран во Србија“. Во внатрешниte документи на Светска банка исто така се споменува и „извештај за преглед” на тендерските постапки.

„Моите колеги ги прегледаа сите одлуки, сите постапки и утврдија дека се било направено во согласност со прописите”, додаде портпаролката Весна Костиќ, за српската национална телевизија РТС, на 12. јануари.

Кога БИРН, на 12. јануари, побара копија од извештајот за преглед на тендерскиот процес од седиштето на Банката и побара појаснување за повеќе точки, портпаролката одговори: „Можам да потврдам дека набавката била спроведена според Законот за јавни набавки на Србија. Поради тоа што овој проект претставува итна операција, Светската банка се согласи да се разгледа финансирање на оваа активност за испумпување на водата што се спроведува според Законот за јавни набавки на Србија.”

„Во однос на вашите прашања во врска со процесот на наддавање и изборот на изведувач, ве молам да се обратите на ЕПС [српската државна eлектродистрибуција] околу тие прашања, како и за вашето барање да се дискутира околу деталите на тендерската постапка бидејќи ЕПС е имплементатор на проектот“.

Дополнителните барања кои беа упатени кон неа за да се издаде копија од извештајот не се земени во предвид.

БИРН, исто така, побара од неколку директори во Oдборот на Светска банка да го забрзаaт процесот на објавувањето на информации.

Тендерот за испумпување вода од рудникот беше финализиран во август, пред Светската банка и Србија да потпишаат договор за заем во октомври, преку кој Светската банка одвои 23 милиони евра за проектот.

Рудникот „Тамнава“, еден од најважните рудници во Србија, беше поплавен во мај, додека земјата се соочуваше со поплавите.