Флеш Вести12/12/2016 23:15

ВМРО ДПМНЕ: Победивме „на поени“, Груевски е мандатар, СДСМ да ни честита

„Да прославиме и да им подадеме рака на сите“, изјави на прес-конференцијата во информативниот центар на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев откако ДИК ги соопшти официјалните прелиминарни резултати од предвремените парламентарни избори.

Ѓорчев изјави дека ВМРО ДПМНЕ е победник со освоените два мандата повеќе од СДСМ и дека партијата го има новиот мандатар – Никола Груевски.

По екстензивната компарација на тесните изборни резултати во светот, Ѓорчев го повтори очекувањето и барањето од СДСМ и лидерот Зоран Заев да го признаат поразот и да му ја честитаат на ВМРО ДПМНЕ победата.