Репортажи

Со барјаци врз барокот против платформата

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Врз повеќе објекти на државни институции во градба се поставени големи македонски знамиња, откако граѓанската иницијатива Заедничка Македонија, која се противи на платформата на албанските партии, повика да се „исцрта црвено-жолтата линија“ со знаме.

Оваа „линија“ е особено видлива на државните објекти и фасади што се сѐ уште во градба, додека на институциите кои се во функција таа не е исцртана.

Истакнати големи знамиња има на речиси сите катни гаражи што се градат во моментов, на недовршениот Факултет за драмски уметности во близина на новото МНР, како и на зградите од идните Градска куќа и Водовод.

Најголемите знамиња висат од идните Градска куќа и Водовод…

… во непосредна близина на мостот „Гоце Делчев“

Катната гаража „Солунски конгрес“ со споменикот и со знамето комплетно во револуционерен дух

Црвено-жолта атмосфера за градежниците…

… во прилично матни времиња

Палмата е увозна, а гаражата „Смилевски конгрес“ дефинитивно македонска

И екраните на државните институции ја исцртуваат „линијата“…

… врз фасадата од Министерството за транспорт и врски

Карабината зад МНР во “одбрана на Македонија”

Часовникот и знамето го покажуваат вистинското време…

…кај зградата на новиот Факултет за драмски уметности

Црвено-жолтата демаркација заплеткана кај катната гаража„Разловечко востание“

Накитени АСНОМ-ци во Жена парк

Повик за обединување?

Питу Гули од Мечкин камен пред Собранието на РМ

Фасадата на зградата „Пелагонија“ веднаш до Порта Македонија

Плоштадот

Улица „Македонија“