Регион

БиХ: Пресуда за сексуално ропство

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Милан Тодовиќ (лево) во судница. Фото: Суд на БиХ

Апелацискиот совет на Судот на БиХ, ја потврди казната што на Тодовиќ му беше изречена во декември 2018 година, со која овој поранешен припадник на ВРС, беше прогласен за виновен за силување на жена, Бошњачка, во Фоча,  за време на војната во БиХ, како и поради тоа што ја држел во сексуално ропство.

Според пресудата, Тодовиќ ја присилил жената на сексуално ропство откако претходно ја „купил“ од друг војник и ја однел во стан каде што ја држел затворена.

Како што е наведено во пресудата, Тодовиќ оштетената ја држел во станот во нехумани услови, без храна, вода, електрична енергија и греење, и секојдневно физичко и сексуално ја малтретирал.

Оваа жена, која сведочеше како заштитен сведок С-1, на 5 март 1993 година, со помош на три лица од српска националност, успеала да избега од станот, се вели во пресудата.

Апелацискиот совет потврди дека обвинетиот треба на оштетената да ѝ исплати надомест од 13.100 конвертибилни марки (околу 6.670 евра) поради болката и стравот што ги претрпела, како и поради намалената општа животна способност.

На оваа пресуда не постои можност да се поднесе жалба.