Регион

БиХ: Пронајдени посмртни останки на две воени жртви

Ексхумација во Царево поле. Фото: Обвинителство на БиХ

Обвинителството на БиХ  соопшти дека останките биле пронајдени на подрачјето на Царево поле (општина Јајце) и оти се верува дека им припаѓаат на Срби, жртви на војната.

„Засега се пронајдени останки на две лица и процесот на ексхумација продолжува. Откриените останки ќе бидат транспортирани до капацитетите на претпријатието, Градски гробишта Бања Лука, каде ќе продолжи процесот на судско медицинска обработка и идентификација на лицата, на кои им припаѓаат останките“, соопштија од обвинителството.

Минатата недела, според соопштението на Институтот за исчезнати лица (ИИЛ) на БиХ, нецелосни останки на најмалку три лица биле ексхумирани во местото Бишќе поле, во близина на Мостар.

Според ИНО, се претпоставува дека се работи за жртви од српска националност од подрачјето на Мостар.

„По ексхумацијата, пронајдените посмртни останки се транспортирани до Градските гробишта Сутина во Мостар, каде ќе се изврши обдукција и ќе бидат земени примероци од коски, за, со помош на ДНК анализа, да се утврди идентитетот на лицата чии останки се пронајдени, односно да се утврди дали станува збор за жртви од изминатата војна или за постари посмртни останки“, истакнаа од ИИЛ.