Обвинителството на БиХ соопшти дека останки на една жртва од војната 1992-1995, се пронајдени во Трново, во општина Шековиќи.
„Ексхумацијата на локалитетот Трново, во општина Шековиќи, е завршена и пронајдени се нецелосни останки на едно лице“, се вели во соопштението.
Обвинителството додава дека останките ќе бидат транспортирани во комеморацискиот центар Тузла, со цел да се утврди идентитетот на жртвата со ДНК анализа.
Инаку, во петок, Институтот за исчезнати лица (ИИЛ) на БиХ, објави дека нецелосни останки на најмалку една жртва се пронајдени во Жепа.
Според ИИЛ, станува збор за бошњачка жртва, која настрадала во 1995 година.
Повеќе од 7.000 лица сѐ уште се водат за исчезнати во војната во БиХ.