Флеш Вести17/05/2017 12:57

Дурловски поднесе оставка од директор на МОБ

Игор Дурловски, директорот на Македонската опера и балет (МОБ) и еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, постирајќи ја песната The End (Крај) од the Doors на својот Фејсбук профил објави дека од 25 мај се повлекува од позицијата директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

„Ова е исклучиво професионално и хумано обраќање како Ваш актуелен претпоставен во овие бурни општествени времиња во кои сум чувствувал лична и морална одговорност, како раководител на најголемата културна институција, да се борам за напредок, не само за културната политика, туку и онаа која може да влијае врз развојот на целокупната домашна уметност“, вели меѓу другото во Фејсбук обраќањето до вработените, директорот во заминување на МОБ, Дурловски. 

Тој пред извесно време се повлече и од организаторската улога во иницијативата „За заедничка Македонија“, но еден ден подоцна, повторно се врати