Полицијата во четвртокот соопшти дека овие две лица од српска националност, биле уапсени поради тоа што во април, на ѕид на училиште, го испишале графитот „Косово е срцето на Србија“. Осомничените подоцна биле ослободени.
Пишува: Дие Морина, Приштина
Косовските власти во четвртокот објавија дека две лица од српска националност, Ф. Столиќ (17) и Ј. Јаковљевиќ (20), прво биле уапсени, а потоа и ослободени, бидејќи на ѕид од училиште го напишале графитот, „Косово е срцето на Србија“.
Полицијата соопшти дека тие се уапсени бидејќи содржината на графитот „поттикнува омраза, раздор и нетрпеливост на верска и национална основа“.
Како што се вели во соопштението, кај осомничените биле пронајдени спрејови, кои тие, наводно, ги користеле за испишување на графитот на ѕидот на училиште во село Племетина, во близина на Обилиќ.
Државниот обвинител покрена кривична постапка заради поттикнување на национална, расна, верска и етничка омраза, но, по преземањето на одредени процедурални чекори, осомничените беа ослободени, соопштија властите.