Интервјуа

Ховит: Предоцна е за позитивна препорака за Македонија

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

„Длабоко жалам за фактот што сум дојден тука буквално неколку часови, а не денови, пред да се финализира извештајот за напредокот на Македонија. Мислам дека е предоцна за да се добие позитивна препорака, но се надевам дека ќе има условена препорака“, вели европратеникот Ричард Ховит во интервју за БИРН, додека се одвива последната тура преговори меѓу политичките партии за Договорот од Пржино.

Ховит во целост се согласува со изјавата на петмината амбасадори дадена минатата недела, со која прстот се впери кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ за неисполнувањето на Договорот од Пржино

Ховит во целост се согласува со изјавата на петмината амбасадори дадена минатата недела, со која прстот се впери кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ за неисполнувањето на Договорот од Пржино

Се плашам дека може да биде предоцна Македонија да ја задржи препораката за почеток на преговорите во Европската комисија, изјави во интервју за БИРН европратеникот Ричард Ховит, кој е во посета на Македонија токму кога се одвиваат финалните преговори меѓу четирите најголеми политички партии за Договорот од Пржино.

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде затворен денеска, а ќе се објави во вторник. Во меѓувреме, од 11 часот почната е средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ и ДПА во однос на Договорот од Пржино, кој одамна ги надмина сите рокови за исполнување на предвиденото.

„Длабоко жалам за фактот што сум дојден тука буквално неколку часови, а не денови, пред да се финализира извештајот за напредокот на Македонија. Мислам дека е предоцна за да се добие позитивна препорака“, вели Ховит.

Тој се надева дека ќе има условена препорака за Македонија.

„И тоа би било чекор назад за земјата, но се надевам дека нема да биде целосно затворена вратата“.

Toj објаснува дека ова би имало „големо влијание врз меѓуетничките односи во земјата и на довербата на албанската заедница дека земјата може да се движи напред “.

Ховит во целост се согласува со изјавата на петмината амбасадори дадена минатата недела, со која прстот се впери кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ за неисполнувањето на Договорот од Пржино.

„Еврокомесарот Јоханес Хан беше многу јасен при неговата последна посета, исто како што беше јасна и изјавата на петте амбасадори, во која се велеше дека партијата на Никола Груевски потфрли во исполнувцање на обврските од договорот. Таа порака дадена од меѓународната заедница мора да биде јасно чуена и прифатена“, тврди Ховит.

Тој се надева дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе спроведе сериозна и исцрпна истрага за сите сомнежи за криминал и корупција.

„Во оваа земја има сериозни сомнежи за криминал, поврзани со аудио снимките и масовното прислушување. Мора да има објективна, непарцијална и фер истрага која ќе води кон обвиненија за оние што ги прекршиле законите. Специјалниот обвинител мора да ја има поддршката за да успее во тоа“.