Флеш Вести27/04/2017 22:23

Иванов повика на лидерска средба за решавање на кризата

„Оваа состојба моженда се надмине само со почит на правниот поредок на Република Македонија и лидерите на партиите се најодговорни за да најдат решенија во согласност со законите и Деловникот“, изјави на вечерашната прес-конференција претседателот Ѓорге Иванов. 

Тој за утре ги повика лидерите на политичките партии да дојдат во неговиот кабинет на лидерска средба за да се разгледаат опциите за излез од состојбата, 

„Лидерите се најодговорни за да најдат решенија. Никој од надвор нема да ни ги реши проблемите“, рече Иванов, завршувајќи ја прес-конференцијата на која не беа дозволени новинарски прашања.