Актуелно

Како е креирано Скопје 2014

„Никола Груевски е идејниот творец, планер, дизајнер и реализатор на Скопје 2014. Самиот Никола Груевски, преку овие снимки, признава дека лично тој стои зад огромниот криминал во Скопје 2014“, рече Дамјан Манчевски од СДСМ, презентирајќи ја 35-тата по ред политичка бомба.

Ова се само дел од разговорите кои беа обелоденети пред Владата.

Премиерот Никола Груевски и поранешнот министер за транспорт Миле Јанакиески разговараат за изгледот на фонтаната што би требало да се гради пред зградата на „Алпине“.

Премиерот предлага на тие што ќе градат, да им се „утрапи фонтана, да имаат обврска да ја изградат“.

edna tuka slika

Груевски и Јанакиески разговараат за изгледот на катната гаража во Центар, па настануваат одредени забуни дали таа ќе биде во „барок“ или „класицизам“. Премиерот меѓу другото предлага да се извадат барокни решенија како што има во Виена, Прага, Париз…

edna tuka slika2

Груевски и Јанакиески се договараат околу тапацирот за новите автобуси.

edna tuka slika3Разговорот меѓу премиерот и поранешниот министер Јанакиески за автобусите продолжува во насока за тоа дали внатре да бидат поставени и реклами, како во метроата во Лондон.

edna tuka slika4

Разговор меѓу Мартин Протуѓер, шефот на кабинет на премиерот Груевски и Миле Јанакиески за изградба на Дизниленд.

edna tuka slika5

Премиерот на тогашниот министер за транспорт Јанакиески му негодува околу зградата што ќе се градела во општина Центар на 15 ката.

edna tuka slika6

Министерката за култура во разговор со Јанакиески вели дека на многу објекти кои биле под заштита како споменици на културата, им го одземале тој статус додека да се сменат фасадите, а потоа пак ги ставале под заштита како споменици на културата.

edna tuka slika7

Премиерот Груевски на пратеничката Силвана Бонева ѝ образложува зошто министерката за култура не треба да се појави на Собрание. Тој вели дека таа не треба да оди, за да не ја прашуваат колку чини проектот Скопје 2014, свесен дека ако се дознае цената на целиот потфат за архитектонско менување на главниот град, владејачката партија ќе загуби поддршка кај гласачите.

edna tuka slika8