Виена колинг (транскрипти)

Колумна на Сашо Кокаланов

16:05. Ѕвони телефон во хотелско лоби во Виена. Се испоставува дека тоа е мобилниот телефон на човек во црно одело, телохранител.

Телохранителот: Е, брат…

(Глас на самурај од другата страна на линијата. Не, не, не е на самурај. Мислам дека е на некој нинџа.)

Нинџа: Си ме барал?

Телохранителот: Да бе ти ѕвонев… Слушај, шефот само шо не дошол, треба да одиме код Курца… Хахаха, интерна фора… Ало, ме слушаш?

Нинџа: Да, да, кажи побрзо, се брзам нешто…

Телохранителот: Брат, а бе, како се викаа тие куглите шо ми ги нарача, Моцарт или Бетовен?

Нинџа: Не знам бе брат, нели ти ги запишав на ливче.

Телохранителот: Е па го изгубив ливчето на аеродром.

Нинџа: Е па јеби га. Знам само дека беше некој писател, сеа у гужва сум, не ми текнуе.

Телохранителот: Да не беа Амадеус у пичку матер?

Нинџа: Тоа е филм, бе глуп. Брат, у гужва сум сеа, ако не најдеш, прашај на фришоп, морам да идам…

Телохранителот: Брат, шо збориш така мутно, нишо не те разбирам?

Нинџа: Не зборам мутно, имам качулка на главата!

Телохранителот: Ааааа… А шо, топло е надвор, пролет?

Нинџа: Се маскирав бе.

Телохранителот: Патерица за први април, а?

Нинџа: Приватно нешто, имам работа у Собрание, брат, ај не ме гњави.

Телохранителот: Добро, бе добро. Ќе ти ги утнам, после ќе сереш… Значи ако нема од тие од писателот…

Нинџа: А бе не писател, сеа ми се врати филмот, на сликата имаше виолина.

Телохранителот: Значи свирач некој да барам, виолинист?

Нинџа: Ти барај чоколади, па коа ќе видиш виолина, купи, не ставаат ваљда виолина на секоја чоколада. Значи кугли се, ко бомбици, сфаќаш…

Телохранителот: И шо да му речам ја на тој у фришоп, дај бомбици, па да ме уапсат.

Нинџа: Брат, морам да одам, ако не најдеш такви, морам да одам имам нешто работа во Собрание, сто пути ти кажуам!

Телохранителот: Добро… (кратка пауза) Кујзнае како се вика бомбици на енглески у пичку матер.

Нинџа: А ја од кај да знам бе брат!

Телохранителот: Еј чекај еве го шефот излага од лифт, чекај да те чуе и он.

(за кратко)

Непознато лице: Ало, Нинџа, шо пуаиш?

Нинџа: Ништо шефе, еве нешто по работа во Собрание.

Непознато лице: Службено нешто?

Нинџа: Не. Приватно. Со другари.

Непознато лице: Аааа… Добуо. Слушај абе ова на м.

Нинџа: Е?

Непознато лице: Сакам овие моиве да го исперат, да ме чекаат на аеуодуом, има во Автокоманда некоја добуа пеуалница.

Нинџа: Пералница, а? А бе ја имам пералница, ама таа не е за коли, за пари е, оваа шо ми е кладилницата…

Непознато лице: Не, не, за она на м ми туеба, не му ја дававме на Емил и сега е пуљава, има фатено пуашина.

Нинџа: Аха. А бе ептен сум у гужва у моментов, иначе ја ќе организирав да ја исперат. Вие кога се враќате.

Непознато лице: Шо знам, вечеу некое вуеме.

Нинџа: Не знам до кога ќе заглавам во Собрание, бе шефе.

Непознато лице: Де бе шо имаш толку уабота во Собуание, суедете го тоа за два-туи саати и носете ја колата на пеуење!

Нинџа: Ај ако не, шефе, да се чуеме пак приквечер, па да видиме.

Непознато лице: Ај.

20:34. Sвони мобилниот на Нинџа во Собрание.

Нинџа: Ало, ало, брат галама е ништо не те слушам, како сте прошли код Курца, хахаха…

Непознато лице: Никола е, Нинџа.

Нинџа: А, шефе, извинете, мислев брат ми… Кажете?

Непознато лице: Ја немам батеуија. Кој вика таму, гужва нешто?

Нинџа: Луѓе, народ, журка, ништо битно, кажете?

Непознато лице: Се чув и со Чавков, и он нешто бил заглавен со Собуание, шо пуаите сите во Собуание, изгледа само ја не сум таму.

Нинџа: Журка, бе шефе, журка. Приватна забава. (баууу!)

Непознато лице: Шо беше тоа?

Нинџа: Петарда, шефе.

Непознато лице: Јака, а? Како пукна ко динамитот кај Фијат…. Хахахаха… Интерна шала. Слушај, дај ако не чујте се вие со Чавков, организирајте се, тоа на м да ме чека испуано на аеуодуом. Не можам ја од овде да ве оуганизиуам за пеуење кола, да му се сневиди.

Нинџа: Шефе, абе ќе потрае ова овде изгледа, дајте за вакви работи со Оливер Андонов, стварно нема смисла…

Непознато лице: Значи, му уеков и на Чавков – не ме интеуесиуа, оуганизиуајте се некако, моуам да прекинам, буат ти нема куедит веќе… Чекај, и он да те чуел на куатко.

Телохранителот: Ало, брат…

Нинџа: Кажи… (баууу!)

Телохранителот: Иииии шо беше тоа бе, Нова година а?

Нинџа: Да, бе у април… Чекај со Бети да се поздравам… (цмок-цмок) Кажи?

Телохранителот: Да не си пуштивте јазиче, а… Хахаххаа…

Нинџа: Кажи брат, дур’ го имам Села на око, ќе го изгубам од вид, ќе кидне копилето.

Телохранителот: Кој! Ништо не те слушам!

(Од овој момент викаат двајцата)

Нинџа: Па имам качулка, ти реков, едвај зборам!

Телохранителот: Нишо бе! Да те прашам дал ти текна за бомбиците!

Нинџа: Па, шо не ме потсети порано! Сеа со Бетка се љубев, она прати музика, ќе ја прашав, да му ебам матер!

Телохранителот: Е јебига, не ми текна! Значи, Бетовен или Моцарт, сто посто беше еден од двајцава!

Нинџа: Брат, купи една милка и не се замарај! У цела гужва сеа треба да барам и перална, ебаве!

Телохранителот: Што!

Нинџа: Перална!

Телохранителот: Перална!? Брат, ако заебеме работа, ништо не нѐ пере, брат!..

Еве, ова е вистината за 27 април. А сите што сакаат да му накалемат на Груевски некаква вина за обидот за убиство и државен удар во Собранието само сакаат да го свртат вниманието од вистинските проблеми на државата како што е индустриското производство, прогресивниот данок, доаѓањето на пролетта, првоаприлските шеги, ремито на Пелистер и Вардар, смислата на животот низ призмата на главниот лик во новиот филм на Милчо, поетскиот фестивал на ергени во Јанковец, недостигот на беж боја за јајца по маркетите и секако промената на името на државата.

До кога за сè во оваа држава ќе биде виновен Никола Груевски?