Актуелно

Лични податоци во служба на пропаганда

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Единствената институција каде што на едно место доаѓаат годишните извештаи на фирмите и невладините организации е Управата за јавни приходи, па нужно се поставува прашањето дали од оваа државна институција протекуваат заштитени финансиски податоци за граѓаните.

Дел од текстовите насловени како истражувања, во кој се објавуваат податоци за приватни граѓани, заштитени со закон

Дел од текстовите насловени како истражувања, во кој се објавуваат податоци за приватни граѓани, заштитени со закон

Веб-порталот Нетпрес објави имиња и лични примања на повеќе од 60 физички лица, во обид да ги претстави како странски платеници, бидејќи земале плати или хонорари од невладини организации, каде што, впрочем, најголемиот дел и се вработени. Објавени се нивните имиња и презимиња, платата што им легнувала на сметката и хонорари – податоци кои се тајни, приватни и заштитени со закон.

Единствената институција каде што на едно место доаѓаат годишните извештаи на фирмите е Управата за јавни приходи (УЈП), по што нужно се раѓа сомнежот дали од оваа државна институција протекуваат личните податоци за граѓаните.

Се обративме до УЈП и бравме да знаеме дали оваа институција води внатрешна истрага за да се утврди евентуално протекување на лични податоци за физички лица од институцијата и каков е нивниот став по ова прашање.

Граѓаните чии лични примања беа објавени на Нетпрес, а пренесени од други национални телевизии, подготвуваат колективни тужби за клевета и за нарушено право на тајност на податоци.

„Ве известуваме дека информациите и другите факти добиени во даночните постапки кои ги води УЈП се предмет на даночна тајна, односно не се предмет на комуникација со јавноста и медиумите, во согласност со Закон за даночна постапка (член 9) и Упатство за односи со јавноста и комуникација со медиуми. УЈП не може да тврди за веродостојноста на податоците, ниту пак за изворот на информации користени во објавите на веб порталот Нетпрес, земајќи предвид дека сопственици на вакви информации се и други носители“, стои во писмениот одговор.

Останува отворено прашањето кои други носители се сопственици на вакви информации, со оглед на тоа што станува збор за десетици правни лица, со различно сметководство.

Сите сомнежи водат кон УЈП

Податоците што ги објавува порталот Нетпрес се однесуваат на приходите што ги земале физички лица од десетина невладини организации, Форум, Младински образовен форум, Цивил, 8 Септември, Македонско здружение на млади правници, Македонски центар за европско образование, НВО инфо центар, Центар за развој на медиуми, Хелсиншки комитет за човекови права, Центар за граѓански комуникации и други.

Дел од лицата што се ставени на „тапет“се вработени во овие организации, па порталот ги објавува нивните бруто плати кои се уредно пријавени во УЈП и платен е данок на државата. Дел од спомнатите граѓани пак, учествувале на трибини организирани од невладините, работеле на извесни публикации или пишувале колумни, па зеле хонорар за тоа, сума која исто така е пријавена во УЈП и платени се давачките кон државата.

Сите овие лица, во манирот на медиумска хајка се ставени во конотација дека земале пари за да бидат дел од Шарената револуција, иако податоците што ги изнесуваат се однесуваат на приходи од пред две години, односно од 2014.

Оваа афера со назив „Платеничка револуција“ се споредува со аферата „Фабрика“, со таа разлика што во тој случај стануваше збор за исплати од Владата (односно од буџетот) кон десетина новинари, а во случајов, станува збор за приходи добиени од приватни фирми и невладини организации.

Сомневањата дека изворот на личните податоци е од Управата за јавни приходи се потпираат на фактот оти фирмите и невладините организации, односно правните лица, пополнуваат годишен извештај со податоци за исплатите во текот на годината и го доставуваат до УЈП.

Годишните пријави кои фирмите и невладините организации ги доставуваат до УЈП по завршувањето на годината

Годишните пријави кои фирмите и невладините организации ги доставуваат до УЈП по завршувањето на годината

Тој извештај содржи и листа на луѓето кои биле исплатувани со личен доход или хонорар за одреден ангажман, заедно со нивните матични броеви, имињата, бруто приходите и платените давачки кон државата.

Дел од образецот кој се доставува до УЈП, во кој фирмите и невладините организации се должни да ги наведат имињата на лицата кои биле исплатени од нивна страна, вклучително со платените давачки кон државата

Дел од образецот кој се доставува до УЈП, во кој фирмите и невладините организации се должни да ги наведат имињата на лицата кои биле исплатени од нивна страна, вклучително со платените давачки кон државата

Дилемата околу изворот на информациите е зголемена и со мотивот за нивно објавување. Во текстовите без потпишан автор, именувани како „истражување“ не е наведено ниту лоцирано како се дошло до податоци кои се лични и тајни, ниту каков е јавниот интерес да се објави колкави плати земале физички лица, кои не се ниту државни функционери, ниту пак, земале пари од буџетот, а плаќале даноци за своите лични примања.

Прекршено правото на тајност на податоците

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека изнесувањето лични податоци е грубо прекршување на правата на граѓаните.

„Загрижен сум и го осудувам овој чин“, вели тој.

Според него, да се објавуваат приходи на македонските граѓани е прекршување на правото на тајност на податоците. Посебно загрижувачки, според него, е што во случајов станува збор за објавување лични податоци на голема група граѓани.

„Со оглед на тоа што се работи за приватен сектор, односно за приватен веб-портал, немам надлежност да постапувам. Но, можам посредно да постапам по случајот, односно ако граѓаните чии лични податоци се злоупотребени, сметаат дека им се нарушени правата, ќе се обратам до институциите со барање да се преземат мерки“, вели Мемети за БИРН.

Горан Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, вели дека институцијата со која раководи исто така не може да преземе мерки, додека некој од граѓаните чии приходи се најдоа на веб-порталите и провладините телевизии, не го пријави случајот.

Граѓаните чии лични примања беа објавени на Нетпрес, а пренесени од други национални телевизии, подготвуваат колективни тужби за клевета и за нарушено право на тајност на податоци.

„Работам, заработувам и приходите ги пријавувам во УЈП. Тука нема ништо незаконски. Незаконски е што моите примања преминуваат во рацете на медиуми блиски до власта, со цел да бидам доведен во конотација на ‘предавник’. Од кога стана незаконски да се работи, да се плаќа данок и критички да се размислува?!“, вели еден од засегнатите и додава дека со ваквото објавување податоци до кои само УЈП има пристап, уште повеќе расте недовербата на граѓаните во државните институции.

Кој се крие зад порталот Нетпрес?
Порталот Нетпрес, кој во серија објавува лични примања на физички лица, своето сопствеништво го крие во САД. Имено, сопственик на Нетпрес е фирмата „Нет прес ком“ ДООЕЛ, која е во сопственост на компанијата Финзи.
Порталот Нетпрес, кој во серија објавува лични примања на физички лица, своето сопствеништво го крие во САД. Имено, сопственик на Нетпрес е фирмата „Нет прес ком“ ДООЕЛ, која е во сопственост на компанијата Финзи.
Крпач беше помилуван од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Инаку, „Финзи“ е формирана 2009 година, а како сопственик се јавува фирма од Соединетите Американски Држави, Finzy LLC, лоцирана на 41 State Street Suite 106, Albany. Фирмата, според документите од САД, е регистрирана и е активна. Токму оваа адреса води кон мистериозната скопска фирма „Ексико“.

Предраг Петровиќ, сопственик на порталот А1 он, е еден од оние кој беше ставен на „листата платеници, бидејќи, според Нетпрес, зел хонорар од 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми. Петровиќ во својата колумна тврди дека станувало збор за ангажман околу изготвување правила на однесување на интернет медиумите, каде што биле поканети и претставници од Нетпрес, но тие ја одбиле поканата.

„Јас со овие цели 7.290 денари не купив стан, не купив автомобил, на работа одам пеш и чувството е прекрасно, зошто не смее било кој да помисли да ме тероризира секој ден и да ми диктира текстови што треба да напишам. Едноставно, не сум на продажба“, пишува Петровиќ и додава дека политиката на неговиот медиум е критичка и таква ќе остане кон секоја власт, бидејќи тоа е основната функција на медиумите – да бидат коректори на власта.