Ден по одлуката на првостепениот суд да се конфискува централното седиште во Скопје и триесетина други имоти на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за БИРН вели дека всушност станува збор за деведесет отсто од партискиот имот, вреден седум милиони евра.
Целото интервју со првиот човек на најголемата опозициска партија во кое разговараме и за евентуалниот договор со Бугарија, претстојниот протест и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори и евентуалните идни коалиции ќе биде објавено утре.