Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) распишува конкурс за следнава работна позиција
Проектен асистент
Главни задачи:
- Поддршка на проектниот координатор во спроведувањето на проектните активности
- Комуникација со проектниот тим и надворешни лица
- Учество во следењето и оценувањето на спроведувањето на активностите од програмата/проектот и навремено прилагодување на активностите во тесна комуникација со програмскиот координатор
- Логистичка поддршка при организација на настани, обуки и тренинзи
- Подготовка на проектни планови и извештаи
- Собирање и обработка на податоци за целите на проектот
- Подготовка на документи поврзани со проектот (кратки презентации, огласи и останати материјали за веб-страница)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование
- Претходно работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор
- Одлично познавање и aктивно користење деловен англиски јазик (говорен и пишан)
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот
- Развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа
Работното време за оваа позиција изнесува 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати, својата кратка биографија (CV) и мотивациско писмо (не повеќе од 30 реда) треба да ги пратат најдоцна до 25 јануари 2023 година, на следнава електронска адреса: [email protected] со назнака: Апликација за проектен асистент.
Апликациите на кандидатите што не ги исполнуваат наведените услови и што нема да бидат испратени до предвидениот рок, нема да бидат разгледувани. Само кандидатите што ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.