Регион

Поднесено обвинение против осум поранешни припадници на АБиХ

Емина Диздаревиќ, Сараево

Судот и Обвинителството на БиХ

Обвинетите, Ибрахим Пуриќ, Ибрахим Taрахија, Нијаз Сивро, Рушит Нурковиќ, Алмир Сарајлиќ, Шаќир Омановиќ, Касим Кавазовиќ и Садик Омановиќ, се обвинети за убиство на најмалку 12 членови на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), кои претходно се предале, и на две жени од хрватска националност, во село Крижанчево, кај Витез, на 22 декември 1993 година.

Според Обвинителството на БиХ, Пуриќ ги извршил овие злосторства како командант на 325 планинска бригада на АБиХ и командант на тактичка група, Taрахија како командант на Третиот баталјон на бригадата, Сивро како помошник командант за безбедност, Нурковиќ како помошник командант за морал, додека останатите четворица, како припадници на оваа бригада.

„Тие се обвинети за воени злосторства извршени над жртви од хрватска националност во селата Крижанчево, Шафрадин и Дубравице, каде што на 22 декември 1993 година, биле убиени најмалку 12 заробени припадници на ХВО, кои претходно се предале, како и над цивили, две жени од хрватската националност, а и за ограбување и уништување на имотот“, се вели во соопштението на Обвинителството на БиХ.

Според обвинението, некои од осомничените, кои дејствувале како команданти на единиците на АБиХ, се товарат дека директно учествувале во извршувањето на злосторствата и оти не презеле активности за спречување на злосторствата и гонење и казнување на сторителите.

Обвинението е испратено до Судот на БиХ на потврда.