Регион

Поднесено oбвинение за силување во војната во БиХ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Судот на БиХ. Фото: БИРН

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против Лазар Мутлак, познат како Лазо, за силување и сексуална злоупотреба на жена од бошњачка националност, во градот Горажде, источна БиХ.

„На 25 мај 1992 година, Мутлак, како припадник на територијалната одбрана на Српско Горажде, со употреба на сила и со закана по живот, над жртвата, жена од бошњачка националност, извршил силување и сексуална злоупотреба, што оставило тешки и трајни физички и психолошки последици за жртвата“, се вели во обвинението на Обвинителството на БиХ.

По војната, Српско Горажде беше преименувано во Ново Горажде.

Обвинението против Мутлак, за злосторство против цивилното население, му е проследено на Судот на БиХ, на потврда.