Советот на јавни обвинители на јавна седница избра по пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и пет обвинители во скопското Вишо јавно обвинителство.
Обвинителството со кое шефува Вилма Русковска од денеска се засили со тројца обвинители од згаснатото СЈО: Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, како и со скопската обвинителка Катерина Коларевиќ и струмичката обвинителка Наташа Поп-Трајкова. Пријавени за оваа позиција беа 14 обвинители.
Пеливанов, Поп-Трајкова и Коларевиќ беа избрани едногласно со 11 гласа „за“, а Стефанова доби 10 гласа „за“. Против нејзиниот избор гласаше Фиданка Рајевска од Советот на јавни обвинители.
Во Вишото обвинителство Скопје, од 32 пријавени кандидати, беа избрани обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, како и Снежана Бундалевска-Георгиевска од ОЈО Скопје и обвинителот Наум Пановски кој досега беше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Фетаи беше избрана со 9 гласа „за“, а Рустеми со 10 од можни 11.
На денешната седница на Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за шеф на струшкото обвинителство.