Регион

Поранешен офицер на ВРС осуден за помагање на геноцидот во Сребреница

Среќко Аќимовиќ | Фото: БИРН

Судот на Босна и Херцеговина вчера соопшти дека Апелацискиот совет на овој суд, донел конечна пресуда со која Среќко Аќимовиќ, поранешен командант на вториот баталјон на зворничката бригада на ВРС, е осуден на седум години затвор, за помагање на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница, во јули 1995 година.

Аќимовиќ е прогласен за виновен дека помагал во затворањето на бошњачките мажи, кои биле донесени од регионот на Сребреница, во училиштето во селото Рочевиќ, недалеку од Зворник, и во нивното убиство на брегот на реката Дрина, кај Козлук.

Според Судот, на 15 јули 1995 година, 818 мажи од Сребреница биле убиени.

Во средината на октомври 2020 година, Судот на Босна и Херцеговина го осуди Ачимовиќ на девет години затвор.

„Постапувајќи по наредбата што ја добил од командата на зворничката бригада, обвинетиот обезбедил муниција и дал наредба за пренесување на затворениците на брегот на Дрина во Козлук, каде биле убиени по кратка постапка, на локација на која се вадел чакал и потоа биле погребани“, се вели во пресудата.

Одлуката на Апелацискиот совет е донесена на 7 јуни годинава, но беше објавена дури вчера.

Emina Dizdarevic