Регион

Поранешен припадник на ХВО осуден заради силување во војната во БиХ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Поранешниот член на Хрватскиот совет за одбрана, (ХВО), Јозо Ѓојиќ, беше осуден на шест години затвор за воени злосторства, откако беше прогласен за виновен за силување на жена во регионот на Оџак, извршено во 1992 година.

Ламија Гребо, Сараево

Јозо Ѓојиќ (десно) во судница. Фото: Суд на БиХ

Судот на Босна и Херцеговина го прогласи Јозо Ѓојиќ, поранешен член на 102-та бригада на ХВО, за виновен за силување на жена во областа на Оџак во јули 1992 година.

Судијата претседавач, Дарко Самарџиќ, рече дека советот го оценил исказот на жртвата како „веродостоен, убедлив и точен“.

Како што нагласи, како отежнувачка околност, советот ја ценел посебната упорност и нечувствителност на обвинетиот, во извршувањето на кривичното дело.

Како олеснителна околност, советот го ценел фактот дека Ѓојиќ е семеен човек, со нарушена здравствена состојба, дека не е осудувано лице и оти коректно се однесувал во текот на постапката.

Ѓојиќ не се појави на изрекувањето на пресудата, поради неговата лоша здравствена состојба.

Оваа пресуда може да биде обжалена.