Регион

Поранешен припадник на ВРС осуден за воено силување во Вишеград

Ламија Гребо, Сараево

Вук Ратковиќ. Фото: БИРН.

Судот на БиХ го прогласи Вук Ратковиќ, поранешен член на Вишеградската бригада на ВРС, за виновен за силување на жена во Вишеград, помеѓу јуни 1992 и јануари 1993 година.

„По проценката на доказите, советот утврди дека Обвинителството на БиХ, надвор од секое сомневање, докажа дека обвинетиот го сторил кривичното дело на начин опишан во пресудата”, рече судијата, Медиха Пашиќ.

Судот му нареди на Ратковиќ, на жртвата, како отштета, да ѝ плати вкупно 35.000 босански конвертибилни марки (околу 17.900 евра).

Пашиќ истакна дека судот се убедил во вината на Пашиќ врз онова на „деталното и убедливо” сведочење на жртвата, поткрепено и со сведочењата на другите сведоци.

„Советот не најде мотив дека оштетената лажно го терети”, рече Пашиќ.

Таа ја критикуваше одбраната, бидејќи во завршните зборови го оспори сведочењето и кредибилитетот на жртвата.

„Таквиот приод на анализа на сведочењето на сведокот не е прифатлив”, нагласи Пашиќ.

Таа додаде дека адвокатот на Ратковиќ, Радмила Радосављевиќ, „непримерно инсистирала на претходниот сексуален живот и однесување на оштетената”.

При изрекувањето на казната, советот не најде олеснителни околности, а како отежнувачки го зеде предвид тоа што Ратковиќ делото го извршил во три наврати и што не покажал каење.

Во друг случај пред Судот на Босна и Херцеговина, Ратковиќ е обвинет за злосторство извршено во Штрпци во БиХ во 1993 година, кога српски борци сопреа воз, киднапираа 20 патници од него, а потоа ги убија.

На оваа пресуда може да се вложи жалба.