Регион

Поранешни припадници на ХВО обвинети за убиство на Срби

Ерна Мачкиќ, Сараево

Судот на БиХ. Фото: sudbih.gov.ba.

Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението против Грбавац и Шимуновиќ, со кое тие се товарат дека од средината на мај 1992, до почетокот на мај 1993 година, го помагале и учествувале во прогонот на српското население во општина Коњиц.

Според обвинителството, Грбавац и Шимуновиќ, вооружени со автоматско оружје, во местото Брадина, од колона издвоиле тројца српски цивили.

„Уапсените цивили ги однеле во насока на православната црква во Брадина, а Грбавац, во дворот на една куќа, со употреба на огнено оружје, лично ги убил тројцата мажи од српска националност“, објави обвинителството на 5 април.

Обвинителите го обвинија Шимуновиќ и за учество во мачење и тепање на затвореник од српска националност.