Регион

Потврдено обвинението за убиства во село крај Приедор

Емина Диздаревиќ, Сараево

Судот на БиХ во Сараево. Фото: БИРН

Судот на Босна и Херцеговина, го потврди денеска обвинението кое Ранко Бабиќ, Братислав Билбија и Ѓуро Адамовиќ ги товари во својство на командант и припадници на ВРС, дека постапиле спротивно на одредбите на Женевските конвенции за заштита на цивилните лица за време на војна.

Според обвинителството на БиХ, во август 1992 година, обвинетите дошле во селото Љескаре, кај Буквик, каде што од другите одделиле повеќе цивили, мажи, од бошњачка националност, меѓу кои имало и малолетни лица.

Потоа, тие учествувале во тортура, малтретирање и убивање на овие цивили, од кои двајца биле убиени во Љескаре, а тројца биле одведени во непознат правец, по што им се губи секоја трага, соопшти Обвинителството на БиХ.

Обвинетиот Бабиќ, како офицер и најстар по чин, е обвинет дека учествувал во извршувањето на злосторството и дека не презел мерки тоа да биде спречено, ниту пак мерки за казнување на сторителите.

Во наредниот период обвинетите треба да се изјаснат за вината.