Вести

Повик: Истражувачко новинарство во дигиталното време: Најди, истражи, раскажи!

Академија на Европската радиoдифузна унија (EBU Academy) во соработка со новинари и уредници во Македонија Ве повикува да се пријавите на бесплатниот тренинг: „Истражувачко новинарство во дигиталното време: Најди, истражи, раскажи!“

Датум:  26-27 февруари

Каде: Работилницата ќе се одржи преку платформата Зум. Потребни ви се само компјутер и интернет. 

Кој може да се пријави:

  • Новинари и новинарки 
  • Студенти по новинарство  

Рок за пријавување: 23 февруари

За да се пријавите, треба само да го пополните формуларот достапен на овој линк.

Тренери:

Тамара Чаудисис (БИРН Македонија)

Ана Петрушева (БИРН Македонија)

Дарко Дуридански (ССНМ)

Александар Манасиев (ТРТ Балканс)

Знаење и вештини со кои ќе се стекнете:

  • Основи на истражувачко новинарство 
  • Истражувачкиот процес, Извори и документи – собирање и проверка на податоци
  • Идентификување извори и како до нив во новинарските истражувања. 
  • Техники на интервјуирање
  • Алатки за слободен пристап до информации, како да се користи законот за слободен пристап до информации во новинарските истражувања. 
  • Дигитално раскажување новинарски приказни и употреба на мобилниот телефон како алатка за истражувачко новинарство

За дополнителни прашања пишете на [email protected] или [email protected] 

Детална агенда на примените кандидати ќе им биде испратена по електронска пошта на 25 февруари.