Вести

Шеста бомба: Ставрески и Јанкулоска со остри критики кон Груевски

„Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома“, вели во една од 11-те аудио снимки гласот за кој Заев тврди дека е на Ставрески. Изјавата се однесува на градењето нови патеки, аква паркови и споменици, за што министерот заклучува: „Државата не ни функционира“. Јанкулоска, пак, според снимката, додава: „Идиотска е состојбава“.

Во двата клучни ресори во земјава владеело незадоволство од начинот на кој се трошеле буџетските пари и се спроведувале владините политики, рече Заев

Шестата по ред „политичка бомба“ што ја обелодени СДСМ за разговори кои наводно се водат меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, покажуваат дека во двата клучни ресори во земјава владеело незадоволство од начинот на кој се трошеле буџетските пари и се спроведувале владините политики.

„Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома“, вели во една од 11-те аудио снимки гласот за кој Заев тврди дека е на Ставрески. Изјавата се однесува на градењето нови патеки, аква паркови и споменици, за што министерот заклучува: „Државата не ни функционира“. Јанкулоска, пак, според снимката, додава: „Идиотска е состојбава“.

Доколку снимките што денеска ги презентираше Заев се автентични, тогаш очигледно е дека иако ги спроведувале, Јанкулоска и Ставрески не се согласувале со начинот на кој се трошат парите, особено околу набавката на кинеските автобуси, договорот со кинеската компанија за градење на патишта, луксузирање за непотребни работи.

„Се поише и поише борчиме, 100 пати му реков (н.з. на Никола Груевски). Абе не иде вака више. Доста е“, наводно вели Ставрески.

Јанкулоска, според снимките, се жали нискиот буџетот на МВР, бидејќи „немаат платено ниту струја, полицајците спијат на железни кревети, а на кебињата пишува ЈНА“.

Јанкулоска, според снимките, се жали нискиот буџетот на МВР

„Расплинети сме до бесвест. И само се прават некои мегаломански работи“, вели Јанкулоска, која се жали на буџетот на Министерството за внатрешни работи, бидејќи, според гласот на снимката, „немаат платено ниту струја, полицајците спијат на железни кревети, а на кебињата пишува ЈНА“.

Разговорите на снимката се одвиваат на крајот на 2012 година, кога се правеше ребалансот на буџетот и планирањето на буџетот за 2013 година. Во тоа време избувна и скандалот кога новинарите беа избркани од собраниската сала, а буџетот се носеше зад затворени врати.

„Сега знаеме зошто буџетот се носел под такви услови. Снимките ги покажуваат признанијата на Ставрески и Јанкулоска за буџетот и колапсот на економијата. Сето ова се правело по наредба на еден човек – Никола Груевски“, рече Заев.

Погрдни зборови за евроамбасадорот Орав

Во еден од разговорите, Ставрески наводно се жали на ребалансот на буџетот и вели: „Не се издржува ова, дувам приходи вештачки, мислам брука“.

„Од друга страна, пак“, вели Јанкулоска, „со злато ги укоричуваме книгите“, а Ставрески додава дека „а сеа (н.з. Никола Груевски) слики нарачал, 100 слики, слични како овие во археолошкиот музеј“.

„Добро бе Горде“, вели гласот за кој СДСМ тврди дека е на Ставрески, „кажи ми еве, дали јас сум ненормален или не знам што да мислам…“

Од снимките на СДСМ може да се чуе дека евроамбасадорот Орав ѝ се јавил на Јанкулоска и ѝ рекол дека „ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ никаде го нема“.

Од снимките на СДСМ може да се чуе дека евроамбасадорот Орав ѝ се јавил на Јанкулоска и ѝ рекол дека „ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ никаде го нема“.

Во еден од разговорите, кој најверојатно се води кон средината на 2013 година, кога изборите во општина Центар ги доби опозицијата, а пред објектот имаше масовни протести, Ставрески, протестите на приврзаните на власта ги карактеризира како „големи глупости“. Според разговорот, евроамбасадорот Аиво Орав ѝ се јавил на Јанкулоска и ѝ рекол дека „ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ никаде го нема“.

„Јас му викам видете, јас како министер можам да ви кажам, тоа што е надлежност на полицијата го праиме, не знам ова она, професионално дрн дрн. Ама мислам се глеа колку е саат“, наводно вели Јанкулоска, а Ставрески додава „на крајот ко Ердоган ќе биде ситуацијава“.

Во друг разговор, паѓаат погрдни зборови за Орав поради наводна тужба за неискористени средства ИПА фондовите. Во овој разговор, може да се слушнат зборови од типот „копиљ, корумпиран, сељак“ и слично.

Ставрески: Заев бира кои снимки да ги објави


Опозицијата презентира само селективни
снимки на прес-конференциите со кои сака
 да направи раздор и немир во општеството, рече вицепремиерот и министер за финансии 
Зоран Ставрески на денешната прес-
конференција како реакција на шестата 
политичка бомба на лидерот на опозицијата
 Зоран Заев, со што индиректно ја потврди
 веродостојноста на снимените разговори.

„Ние сме имале многу снимки и многу работи
со премиерот каде што сме се сложиле и 
каде што сме имале заедничко мислење или 
идентичен став за одредена реформа што ќе
 води кон добро за граѓаните на Република
Македонија. И никогаш таква снимка не се
прикажува во јавноста“, изјави Ставрески 
одговарајќи на новинарско прашање.

„Во оваа фаза се издвојуваат одредени
 работи со селективна природа“, додаде тој
 бидејќи „сакаат да направат раздор или да
создадат немир во општеството за што
граѓаните ќе знаат да го кажат последниот
збор“, заклучи вицепремиерот. Во однос на
директното прашање за веродостојноста на
објавените разговори, тој рече дека „заради 
карактерот и природата на снимките кои што 
се стекнати, креирани и со кои што се
располага на начин што е незаконски“, не
 може да коментира и ќе ја чека правната 
разрешница.

Во разговорите се споменува и градоначалникот на Битола Владимир Талески, за кој Ставрески наводно тврди дека склучил „коруптивен договор“ за превоз на ученици, во кој, како што вели договорените цени биле 10 пати повисоки отколкуод реалните. Гласот за кој СДСМ тврди дека е на Ставрески вели дека со овој договор општината заглавила во долгови, па Талески барал тие да бидат покриени од ЗЕЛС и од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

„Коце за сите такви матни работи дава поддршка“, вели неговата соговорничка.

Во овој разговор можат да се слушнат погрдни зборови за градоначалникот на Битола: блефер, глумец, перфиден актер, тежок криминалец…

Груевски изгуби контакт со реалноста

Во еден од разговорите за трошењето на буџетските пари, гласот за кој СДСМ тврди дека е на министерката за внатрешни работи, вели дека „точен е терминот што го употребуваат кoмуњарите, дека се забегани“.

„Ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон и да му ја скршам главата“, наводно вели Ставрески коментирајќи дека Груевски е човек „што изгубил контакт со реалноста“. Тој појаснува дека Миле и Владо (н.з. министерот за транспорт Миле Јанакиески и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски) треба да потпишат „договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштата без тендер“.

Според презентираниот разговор, Јанакиески и Пешевски одбивале да го потпишат договорот за кој Ставрески тврдел дека е незаконски. Сепак, на 12 декември 2013 година Владата ги потпиша договорите со кинеската компанија „Sinohydro Corporation Limited“за изградба на автопатските делници од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид.

Договорите од име на Владата ги потпишаа вицепремиерот Пешевски, министерот Јанакиески и тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски,

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев, презентираните разговори го потврдуваат хаосот во буџетот и катастрофалната економска состојба во Македонија.

„Ако толку не им чинело на Ставрески и Јанкулоска во Владата на Груевски, зошто не си заминале? Затоа што Груевски и Мијалков ги следеле и имале со што да ги уценуваат?“, праша Заев и повика дека двајцата министри сепак тоа сега можат да го направат.

Тој рече дека поседува и снимки меѓу владините претставници каде што се нарачувале прислушувања. Лидерот на СДСМ изјави дека очекува политичка разрешница на случајот, а не правна, бидејќи, како што вели, „Македонија нема нормален правосуден систем“.