Флеш Вести26/05/2017 17:32

СЈО повторно бара замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО исправило дел од укажувањата на Кривичниот суд и повторно бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СЈО. Овојпат, се бара замрзнување само на еден објект – седиштето на партијата.  

Пред неколку дена, судот ги одби сите 12 барања на замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“ и испрати укажувања, кои сега, според СЈО се исправени. 

СЈО бара и замрзнување на имот за случајот  „Триста“, кој се однесува на јавната набавка на 300 возила за потребите на МВР каде што осомничен е помошник-министер. 

МВР пријавило имотно – правно побарување од помошникот-министер кој било задолжено за набавка на возилата.  На барање на МВР, сега Специјалното јавно обвинителство бара да се замрзне неговиот движен и недвижен имот.