Регион

Србин уапсен во Косово доби 30 дена притвор

Косовскиот суд му одреди едномесечен притвор на 74-годишниот Богдан Митровиќ, кој е обвинет дека за време на конфликтот, во 1999 година, извршил воени злосторства над цивили.

Петрит Крјезиу, Приштина

Богдан Митровиќ во судница. Фото: Kallxo.соm

Основниот суд во Призрен, во среда му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, на Богдан Митровиќ, чие апсење оваа недела предизвика остри реакции на властите во Белград.

Митровиќ, татко на шест деца, е осомничен дека во пролетта 1999 година, во областа Сува Река, во Косово, извршил воени злосторства над цивилното население и дека сериозно ги прекршил законите и обичаите на немеѓународниот вооружен конфликт, во пролетта 1999 година, во областа на Сува Река.

Да потсетиме, Митровиќ беше уапсен во понеделникот во близина на Сува Река.

Како што објави РТС, тој бил еден од 50 раселени Срби, кои дошле да ги посетат своите куќи што ги напуштиле по војната и црквата Пресвета Богородица во селото Мушутиште.

Српските власти го осудија апсењето, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се работи за „брутално“ апсење и дека „лично се уверил“ оти не постојат индиции дека Митровиќ направил нешто лошо, објави Б92.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, оцени дека се работи за продолжување на политиката на „етничко чистење“ на српскиот народ во Косово.

Објавено и на Балканска транзициска правда