Со повеќе од 50 илјади разлика гласови Стево Пендаровски извојува победа во вториот круг на претседателските избори пред кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
На преброени 812 709, односно 96 посто од гласовите, за Пендаровски гласале 421 487 додека за Силјановска гласале 361 984. Одзивот во вториот круг беше 46 проценти од вкупниот број гласачи.
Во СДСМ веќе се слави, додека во ВМРО ДПМНЕ е тивко. Кога почнаа да пристигаат првите резултати генералниот секретар Јанушев ја обвини власта за недостатоци во избирачкиот процес и со тоа практично најави дека партијата ќе ги оспорува конечните резултати.
“Никогаш повеќе режим! Овие избори се победа на заедништвото и наша карта за Европа. Мојата мисија е да обединувам, сите да одиме заедно напред. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Ќе бидам претседател на сите.. претседател од кој нема да се срамите” рече Пендаровски во победничкото обраќање во седиштето на СДСМ.