Регион

Укината ослободителна пресуда на поранешен командант на ХВО

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Миле Пуљиќ, пред судот во Сараево. Фото: БИРН

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, ја уважи денеска жалбата на обвинителството, против ослободителната пресуда на Милош Пуљиќ, и наложи повторување на судењето.

Во мај 2018 година, Судот на БиХ, го ослободи Пуљиќ, поранешен командант на вториот баталјон на втората бригада на ХВО, од обвинението дека извршил злосторства против човештвото, во Мостар во 1993 и 1994 година.

Пуљиќ беше ослободен од обвинението дека им овозможил на своите подредени да земат затвореници од логорот Хелиодром, да ги одведат на принудна работа на првата линија на фронтот и да ги користат како жив штит, како и да учествуваат во насилни исчезнувања и тепање на затворениците.

Пред советот наскоро треба да биде закажано претпретресно рочиште.