Регион

Укинати пресуди за злосторствата во Хаџиќи

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Логорот Силос. Фото: БИРН

Апелацискиот оддел на Судот на БиХ им ја уважи жалбата на Мустафа Ѓелиловиќ и на Халид Човиќ, на првостепената пресуда со која тие беа осудени за злосторства над цивили од српска и од хрватска националност, незаконски притворени во логорот „Силос”, касарната „Крупа” и основното училиште „9 мај“, во општина Хаџиќи.

„Утрово го добивме решението на Апелацискиот совет на Судот на БиХ со кое се укинува таа пресуда и се уважуваат жалбите на обвинителството и на две одбрани – на Мустафа Ѓелиловиќ и на Халид Човиќ“, изјави за БИРН адвокатот, Лејла Човиќ, која го застапува Човиќ.

Во јули минатата година, по шест години судење, судот осуди осум обвинети, меѓу кои беа и Ѓелиловиќ и Човиќ, на вкупно 60 години затвор за злосторства извршени во горенаведените објекти, во периодот помеѓу 1992 и 1996 година.

Тие беа прогласени за виновни за незаконско притворање на цивили и нивно држење во лоши услови.

Судот утврди дека некои затвореници биле претепани, понижени, деградирани и принудени да работат тешки физички работи.

Ѓелиловиќ, поранешен претседател на кризниот штаб Хаџиќи, доби десет, додека Човиќ, заменик управител во „Силос“, доби шест години затвор.

Сите осуммина беа ослободени од обвинението за злосторства извршени над воени затвореници, бидејќи судскиот совет утврди дека сите затвореници биле цивили.